Македонки ќе им судат на Македонки

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за следните натпревари од сите европски купови.

Женската судиска двојка од Македонија, Силвана Карбеска и Марија Илиева, се делегирани на натпревар од второто коло во Лигата на Европа што ќе се игра во романскиот град Бузау.

Тие ќе го судат реванш натпреварот меѓу романскиот Бузау и францускиот Нант, што ќе го даде патникот во групната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување.

Во Глорија Бузау настапуваат двете македонски репрезентативки Марија Штериова и Елена Ливриниќ.