Екипата на Коњалти, во која настапува репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска и поранешната членка на Вардар и Металург, Ивана Гакидова, во дербито од турскиот шампионат ремизираше со тимот на Измир, 28:28.
Во екипата на Измир настапува некогашната ракометарка на Кометал ЃП, Јелиз Озел, а во стручниот штаб на тимот е Гонџа Нахчиванли, која исто така настапуваше во некогашниот европски шампион од Македонија.
Најефикасна во составот на Коњалти беше екс ракометарката на Вардар, Алена Ихнева со осум погодоци, додека Моника Јанеска и Ивана Гакидова постигнаа три, односно два гола.
Кај Измир се истакна Еџе Сезмен со десет погодоци и Јелиз Озел со осум реализации, кои не беа доволни за победа.
На првата позиција во турскиот шампионат моментално се наоѓа Кастамону со 15 бода. Екипите на Измир, Коњалти и Јаликавак се во голема борба за второто место, сите три екипи имаат по 12 бода на свое конто.