Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете репрезентативки на Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, обезбеди финале во турскиот шампионат.
Коњалти успеа да ја елиминира екипата на Измир, откако триумфираше во двата полуфинални дуели.
Тимот на Јанеска и Гакидова, најпрво триумфираше на гостински терен со 37:31, додека на реваншот, кој го одигра пред своите навивачи, славеше поубедлива победа од 37:29.
Јанеска на денешниот дуел беѓе меѓу најдобрите стрелци, имаше пет реализации додека Ивана Гакидова постигна три погодоци. Екс ракометарката на Вардар, Алена Ихнева, со седум погодоци ја предводеше листата на стрелци во победничката екипа.
Во составот на Измир настапува поранешната членка на Кометал ЃП, Јелиз Озел. Искусната ракометарка во реванш дуелот запиша четири погодоци.
Ривал на Коњалти во финалето ќе биде актуелниот бранител на титулата, тимот на Кастамону.