Екипата на ПАОК, во која настапуваат ракометарките од Македонија, Марија Николиќ и Александра Боризовска, го доби првиот натпревар за шампионската титула против Неа Јонија, со пет гола разлика, 20:15.
Ракометарките на ПАОК во текот на целиот натпревар беа во водство. На полувреме имаа предност од 11:4 и во вториот дел рутински ја завршија својата задача и дојдоа до посакуваната победа.
Боризовска и Николиќ одиграа во стандарна форма и во мрежата на противникот постигнаа три, односно два гола.
Во борбата за шампионската титула кај јужниот сосед, се игра до три победи. Вториот натпревар е закажан за 3 април, додека третиот дуел од финалната серија ќе се одигра на 9 април. Ако има потреба за уште еден или два меча, термините ќе бидат дополнително познати.