Македонките во ПАОК најдобри во триумфот над Малага

Ракометарките на ПАОК во Солун беа подобри од Малага со резултат 23:22 во реванш натпреварот од четвртфиналето на ЕХФ Купот, но оваа победа беше пирова за грчкиот шампион.

На денешниот натпревар одлична партија прикажаа репрезентативките  на Македонија, Јовановска Дајана и Марија Николиќ. Јовановска беше меѓу најдобрите стрелци со пет голови, а Николиќ постигна четири. Андреа Белеска не успеа да се запише во листата на стрелци.

И покрај победата, Малага патува во полуфиналето на ЕХФ Купот поради убедливата победа на првиот натпревар, 30:21.

Ракометарките на ПАОК продолжуваат со настапите во грчкиот шампионат и одбрана на титулата.