Екипата на Коњалти, во која настапуваат ракометарките од Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова не успеа да направи изненадување против актуелниот шампион на Турција, тимот на Кастамону.
Во натпревар од 3. коло од турскиот шампионат, составот на Коњалти на свој терен беше поразен од Кастамону со пет гола разлика, 36:31.
Македонките на овој натпревар се покажаа во солидно издание. Кружниот напаѓач Ивана Гакидова имаше три реализации во гостинската мрежа и одлично ја заврши својата задача во одбраната, додека Јанеска успеа да постигне два гола.
Коњалти по три одиграни натпревари се наоѓа на 4. позиција на табелата и има биланс од две победи и еден пораз. Во следното, четврто коло, тимот на Јанеска и Гакидова ќе гостува кај Текирдаг.