Натпреварот од двомечот против Португалија кој е планиран за ЕХФ-неделата на крајот од март ќе биде одигран во салата во СЦ „Борис Трајковски“.
Веќе е познато кои се термините за двата дуели од Групата 5 од квалификациите за Европското првенство каде Македонија и Португалија веќе заостануваат зад Чешка и Шведска кои имаат по четири бода.
Прво Македонија на 26 март ќе гостува во Тондела, но уште не е одредена саатницата. Потоа сениорките ќе играат на домашен терен. Португалките ќе гостуваат во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ на 29 март, а терминот за старт на натпреварот е 18 часот.
Ова ќе бидат два дуели на кој ракометарките ќе добијат шанса за да го поправат впечатокот после двата порази против Шведска и Чешка на стартот од квалификациите.