Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објавува список на повикани ракометарки за претстојната ЕХФ недела што е на програмата од 26 септември до 2 октомври.
Женската сениорска репрезентација на Македонија во ЕХФ неделата ќе одигра два пријателски натпревари против Б селекцијата на Норвешка.
Првиот натпревар е од затворен тип и ќе се одигра на 29 септември. Вториот пријателски натпревар е закажан за 1 октомври во 16:00 часот. Натпреварот е од отворен тип и влезот за сите љубители е слободен.
Собирот е закажан за 26 септември со почеток во 13:00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.