Машката сениорска репрезентација на Македонија пред настапот на Мундијалот 2023 ќе одигра две контролни средби.
Избраниците на Кире Лазаров ќе учествуваат на турнирот ,,Croatia Cup”, кој ќе се одигра пред почетокот на СП и ќе тестираат против репрезентациите на Хрватска и Израел.
Македонија на Светското првенство 2023 ќе настапи во група со Аргентина, Норвешка и Холандија. Најдобрите три селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.
Прв ривал на Македонија на Мундијалот ќе биде селекцијата на Норвешка. Дуелот со Норвешка е закажан за 13 јануари, потоа на 15 јануари Македонија силите ќе ги одмери со Холандија, а на 17 јануари ќе игра против незгодната Аргентина.
Мундијалот ќе се игра од 11 до 29 јануари 2023 година. Домаќини ќе бидат девет градови – Гдањск, Краков, Катовице, Плоцк, Стокхолм, Малме, Гетеборг, Јонкопинг и Кристијанштад.