Утре започнува Лигата на шампионите во женска конкуренција, а Македонија ќе има претставници во елитното клупско натпреварување во името на Леонида Гичевска, Андреа Седлоска и Сања Дабевска.
Гичевска и Дабевска во оваа сезона и се придружија на Андреа Седлоска во хрватскиот шампион Локомотива Загреб. Хрватскиот тим во првото коло од Лигата на шампионите ќе се соочи со амбициозниот тим од Романија, Рапид Букурешт, кој сезоната во романскиот шампионат не ја стартуваше според зацртаните цели.
Натпреварот меѓу Локомотива Загреб и Рапид Букурешт е закажан за утре, со почеток од 18:00 часот во Загреб. Хрватскиот тим во второто коло ќе гостува во Шведска кај Сторхамар, додека во третото коло силите ќе ги одмери со Будуќност на свој терен.
По натпреварот со Будуќност, на 9 октомври следува гостувањето кај еден од фаворитите за освојување на титулата, Ѓер. Локомотива Загреб ќе игра уште со екипите на Кастамону, Есбјерг и третопласираната екипа од последниот Ф4 во Лига на шампионите, француски Мец, во рамки од групата Б.
Регуларниот дел од Лига на шампионите во женска конкуренција ќе заврши во февруари. Покрај настапите во Лига на шампионите, Локомотива Загреб ќе биде фокусирана на домашниот шампионат, во кој ќе треба да ја одбрани освоената шампионска титула од минатата сезона.
Актуелен бранител на титулата во ЛШ е екипата на Вајперс Кристијансад, која во новата сезона ќе настапи со променет состав.