Македонија ќе има свои арбитри на Европското првенство за кадети

Во текот на ова лето ќе се одржи Европско првенство за кадети во Хрватска во Вараждин и Копривница, а Македонија ќе има свои претставници во судиите Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Ова ќе биде уште едно активно лето за двајцата бидејќи добиваат убава можност да судат на уште едно големо натпреварување во младинска конкуренција.

Шампионатот се одржува од 12 до 22 август така што ова ќе биде убава можност за да се покажат повторно во добро издание и да имаат неколку интересни и убави натпревари.

За титулата европски првак во кадетска конкуренција ќе се борат 16 репрезентции. Учество ќе земат Исланд, Србија, Словенија, Италија, Шведска, Шпанија, Унгарија, Израел, Данска, Германија, Норвешка, Русија, Хрватска, Франција, Португалија и Австрија.