Денеска во Португалија е последниот ден од Европското првенство за младинци и ќе бидат одиграни дуелите за третото место и финалето.
На натпреварот за злато меѓу Португалија и Шпанија, и Македонија ќе има свој претставник, бидејќи Драган Начевски ќе биде делегат.
Покрај Начевски, меѓу официјалните лица ќе биде Франк Болхф од Германија, а судии на мечот ќе бидат Французите Кармо и Мурш.
Натпреварот меѓу соседите ќе се игра вечерва од 18:00 часот, додека Србија и Шведска ќе се борат за бронза од 15:30 часот.
Португалија и Шпанија досега покажаа најмногу на ова Европско првенство и заслужено ќе се борат за златото.