Женската сениорска репрезентација на Македонија в понеделник треба да стартува со подготовките за дуелите со Србија, но и за Мундијалот во Шпанија со оглед на тоа што официјално е прва резерва.
Како што и претходно информиравме ќе бидат одиграни два натпревари, а Србинките кои ќе бидат домаќинки на овој натпревар ги соопштија термините и местото.
Натпреварите ќе бидат одиграни на 27 и 29 ноември, а ќе се играат во Стара Пазова.
Србија ќе игра во групата Б на Светското првенство со селекциите на Русија, Камерун и Полска. Македонија е прва резерва и ќе биде во исчекување доколку некоја селекција се откаже да се најде на шампионатот.
Првенството трае од 1 до 19 декември.