Македонија ќе игра еден бараж за Мундијалот во Египет!

Иако во изминатиот период беше најавено дека македонската машка репрезентација ќе има две пречки до Мундијалот во Египет, сепак се чини дека победата над Украина во првата фаза на ЕП, има голема вредност и Македонија ќе игра само еден бараж.

Тој триумф на Македонија и го донесе 15. место, а тој пласман најверојатно и донесе директно место во вториот бараж за Светскот првенство во 2021 година во Египет, иако ќе бидеме во шеширот со неносители (ако бевме на 14 место ќе имавме место во првиот шешир, односно ќе бевме носители).

За Европа има 13 места на Мундијалот во Египет плус светскиот првак Данска. Најдобрите четири селекции на Европското првенство кое е во тек исто така ќе добијат директно место на СП, што значи остануваат уште девет празни места кои треба да се пополнат во јуни.

Ждрепката за првиот бараж ќе се одржи на 30 јануари во Виена, а тогаш ќе бидат познати сите останати детали за квалификациите за Мундијалот во Египет. Тогаш би требало да добиеме потврда дали Македонија ќе игра еден бараж или ЕХФ ќе смисли некој друг систем на патот кон СП.

Светско првенство Египет 2021 година, европски квалификации:

Претквалификации (октомври 2019 – јануари 2020)
Учесници: 15 репрезентации што не беа дел од ЕП 2020
Формат: четири групи од кои во бараж 1 се пласираа Израел, Литванија, Романија, Турција

Бараж 1 (15-19 април)
Учесници:
4 селекции од првата фаза + 6 најслабопласирани од ЕП 2020 (поделени во два шешири по пет селекции) Литванија, Израел, Романија, Турција, Летонија, Босна и Херцеговина, Русија, Полска, Србија, Украина
Формат: двомеч дома гости, победниците продолжуваат во бараж 2

Бараж 2 (5-11 јуни)
Учесници: 5 селекции од бараж 1 + 13 учесници од ЕП 2020, пласирани од 5 до 18 место со исклучок на Данска (поделени во два шешири по девет селекции)
Формат: двомеч дома гости, победниците се пласираат на СП во Египет