Европската ракометна федерација го потврди распоредот на домаќините по групи за претстојното женско Европско првенство што ќе се одржи во 2022 година во Македонија, Црна Гора и Словенија.
Според првичниот план, во Македонија требаше да се играат група од прелиминарната рунда и група од главната рунда, но потоа во комбинација влезе Подгорица. Сепак салата „Морача“ поради лошата состојба во која се наоѓа, не ја мина инспекцијата на ЕХФ и во Скопје ќе се играат две групи како што беше најавено уште во 2018 година.
Најдобрите три селекции од четирите групи продолжуваат во главната рунда. Шесте најдобри од групите во Љубљана и Целје ќе продолжат да играат во Љубљана, додека оние од Подгорица ќе им се приклучат на најдобрите три во Скопје, каде што ќе се игра втората група од главната рунда.
Еврпското првенство ќе се игра од 4 до 20 ноември и ќе биде последно со 16 репрезентации, бидејќи од следното во 2024 ќе учествуваат 24 селекции.
ЕП 2022 – Македонија, Словенија, Црна Гора
Прелиминарна рунда:
Група А, Љубљана (Словенија)
Група Б, Целје (Словенија)
Група Ц, Скопје (Македонија)
Група Д, Подгорица (Црна Гора)
Главна рунда:
Група 1 (А+Б), Љубљана (Словенија)
Група 2 (Ц+Д), Скопје (Македонија)
Финален викенд:
Љубљана (Словенија)