Прволигашот Македонија Ѓорче Петров, кој во продолжение на сезоната влегува со повисоки амбиции, славеше на првиот пријателски натпревар пред пролетниот дел.
Избраниците на новиот тренер Адријано Котевски го победија составот на Јехона од Гостивар со убедливи 52-33.
По првото полувреме, ѓорчепетровци водеа со трии погодоци, 19-16, но во вториот дел комплетно го скршија отпорот на ривалот.
Регуларниот дел од Првата лига продолжува на 12/13 февруари. Јехона ќе игра со Работнички, додека Македонија ЃП ќе се соочи со Металург РА.