Екипата на Текстилец со пораз на домашен терен ја почна сезоната во Првата лига откако на домашен терен загуби од Македонија Ѓорче Петров со 24:30.
Гостите од почетокот имаа водство, поведоа 3:1, но Текстилец брзо израмни. Од резултат 4:4 се играше гол за гол десетина минути. Македонија ЃП успеа да направи серија од пет гола за водство од 13:8. До крај на полувремето ја задржаа предноста и на пауза имаа највисоки 15:9.
И на почетокот на вториот дел гостите имаа контрола на резултатот и играта и без многу проблеми ја чуваа позитивата. Сè до финишот Текстилец не успеа да ја намали негативата и на крајот мораше да се помири со пораз на отварањето на новата сезона.
Во домашниот тим одличен натпревар одигра Милисав Петров кој постигна 13 погодоци, но и тоа не беше доволно Текстилец да избегне пораз. Во победничкиот тим најефикасен беше Боби Неделковски со девет гола.