Прволигашот Македонија Ѓорче Петров во текот на вчерашниот ден ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона. Клубот од Ѓорче Петров за новата сезона има поголеми амбиции во однос на претходната, па така направени беа неколку промени во играчкиот кадар.
Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров во новата сезона ќе бидат предводени од новиот тренер Оливер Димитриоски. Во стручниот штаб на екипата остануваат досегашните тренери Џеват Равмановски и Дејан Коцев.
Клубот за претстојната сезона се засили со повратниците – Антонио Апостоловски, Мартин Димовски и Филип Ролевски. Договорите беа продолжени со Боби Неделковски, Дарко Јаневски, Мартин Велковски и Јованче Јаневски, кои и минатата сезона беа дел од прволигашот.
Македонија Ѓорче Петров во новата сезона во Првата лига ќе биде дел од групата А заедно со Работнички, Мултиесенс, Кичево, Бисинов, Текстилец, Јехона, Шампион, Овче Поле и Младост Богданци. Најдобрите пет екипи ќе обезбедат пласман во плеј-оф групата, додека останатите ќе играат во плеј-аут фазата.