Тимот на Македонија Ѓорче Петров и Текстилец одиграа натпревар со малку голови, а победата ја однесоа ѓорчевци, 21-19. Во првиот дел беа постигнати само 12 погодоци, 6-6. Двете екипи правеа голем број на грешки и имаше шест израмннувања на резултатот.
На стартот на второто полувреме Текстилец поведе со 6-7, а Македонија ЃП со серија од четири погодоци стигна до водство, 10-7.
Таквата предност не ја испушти до самиот крај, иако штипјани во неколку наврати се заканија и намалија на минус еден. Во финишот се влезе со плус три за Македонија ЃП, 21-18, а последниот гол беше дело на Текстилец за конечни 21-19.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јован Танев со седум и Дарко Јаневски со пет погодоци, додека во редовите на штипјани се истакнаа Стојанче Ристов со шест и Васе Петров со пет погодоци.