Македонија ЃП договори две засилувања – доаѓаат Димовски и Ролевски

Тимот на Македонија Ѓорче Петров, кој во новата сезона од Првата лига ќе влезе со зголемени амбиции, откако го реши тренерското прашање, започна да работи и на играчкиот кадар.

Првите две засилувања се всушност повратници во клубот по подолго време, а станува збор за средниот бек Мартин Димовски и десното крило Филип Ролевски.

Димовски покрај за матичниот клуб, играше и за Јуниор Кисела Вода, а минатата сезона ја мина во Куманово кој обезбеди место во Суперлигата. Ролевски се враќа на теренот по кратката пауза, а најдолго во кариерата го носеше дресот на Пролет.

Пред три дена, Македонија Ѓорче Петров го промовираше новиот тренер, Оливер Димитриоски, а клубот ќе игра во групата A со Работнички, Мулти Есенс, Кичево, Бисинов, Текстилец, Јехона, Шампион, Младост Богданци и Овче Поле.