Тимот на Македонија Ѓорче Петров веќе неколку дена се подготвува за стартот на новата прволигашка сезона. Ракометарите под водство на тренерот Џевад Равмановски тренира на отворено во Сарај, а следна седмица ќе започне и со тренинзите во сала.
Ѓорчевци останаа без дел од носителите на играта Апостоловски, Марковски, Митревски, Велковски и Митовски, но донесоа нови играчи и се надеваат на пласман во плеј-офот од Прва лига.
Нови имиња во клубот се десниот бек Стефан Ангелевски од Работнички, пикерот од Текстилец, Марјан Сарасов, а од Бутел Скопје дојдоа бековите Методи Лесански, Дарко Јаневски и Златко Златановски. Од Металург 2 дојде Јован Танев, а од Работнички во Ѓорче се пресели Михаил Кочаров.
Овие играчи заедно со искусните Спировски, Фичуровски, Огнаноски, како и капитенот Ѓорѓевски формираат незгоден тим што особено во Ѓорче Петров ќе биде тврд орев за сите.
Македонија ЃП се најде во групата Б од Прва лига со Вардар Неготино, Куманово, Партизан Гевгелија, Делчево, Текстилец, Скопје и Металург РА.