Женската сениорска репрезентација на Македонија не обезбеди место на Светското првенство во Шпанија, но нашата земја ќе има еден претставник.
Станува збор за Драган Начевски, кој ќе биде меѓу официјалните лица на мундјалските натпревари.
Начевски денеска е меѓу делегатите на натпреварот Шпанија – Аргентина во Торивиеха, со кој ќе биде отворено Светското првенство, а арбитри на овој дуел ќе биде Русинките Татјана Берјозкина и Викторија Алпаидзе.
Останатите дуели од првата рунда се играат во текот на утрешниот ден.