Иако Македонија нема да има свои репрезентации на кадетското ЕП во ракомет на плажа, сепак нашата држава ќе има претставник меѓу официјалните лица.
Станува збор за Гордана Ѓорѓеска, која ќе биде делегат на ова натпреварување што ќе се одржи во турскиот град Измир од 29 јуни до 2 јули.
Ќе играат по 15 репрезентаци по машка и женска конкуренција, поделени во три групи по пет селекции, а во четири дена ќе бидат одиграни голем број на натпревари.
Ѓорѓеска, моментално е единствена дама од Македонија со ЕХФ значка за ракомет на плажа и единствен женски македонски делегат за овој вид на натпреварување.
Од Македонија, единствено само Марјан Начевски ја има истата значка за делегат, и своевремено беше дел од многу турнири и ЕП и СП на ракомет на плажа.