Денес со натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе стартува Европското првенство во Скопје. За потсетување, освен Македонија, домаќини на Европското првенство сѐ и Црна Гора и Словенија.
Актуелниот олимписки првак Франција е голем фаворит во групата Ц, но ќе треба максимално да одработи на секој натпревар, бидејќи во Скопје допатува без неколку клучни ракометарки.
Македонија и Франција низ историјата имаат одиграно осум меѓусебни дуели. Последен пат, двете репрезентации се сретнаа на Европското првенство во Србија (2012). Тогаш Франција убедливо го доби дуелот против македонската селекција, со резултат 29:16.
Токму во квалификациите за Европското првенство 2012 големата Франција во СРЦ Кале беше поразена од Македонија со 30:27 во првиот квалификациски двобој. Победата во квалификациите за континенталниот собир 2012 е единствениот триумф на Македонија против ,,триколорките”. Во далечната 1995 во Куманово, меѓусебниот дуел меѓу Македонија и Франција, во рамки од квалификациите за ЕП 1996, заврши без победник (25:25).
На останатите меѓусебни дуели ,,сините” без многу проблеми остварувале победа против македонската репрезентација.
ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ СРЕДБИ
25 ОКТОМВРИ 1995 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 25:16 (8:7)
29 ОКТОМВРИ 1995 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА 25:25 (11:10)
4 ДЕКЕМВРИ 2001 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 31:17 (14:11)
5 ДЕКЕМВРИ 2005 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА 22:25 (9:13)
8 ДЕКЕМВРИ 2007 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА 23:29 (11:12)
22 МАРТ 2012 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА 30:27 (18:14)
25 МАРТ 2012 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 40:20 (19:12)
4 ДЕКЕМВРИ 2012 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 29:16 (15:10)