Македонија со два гола негатива на пауза против Тунис

Репрезентацијата на Македонија во дуелот со Тунис во рамки од второто коло од Президент Купот на Светското првенство, на полувреме има негатива од два гола разлика, 16:14.

Ракометарите на Тунис имаа добар почетокот и во раната фаза на натпреварот поведоа со 4:0. Селекторот Кире Лазаров уште во 5-та минута мораше да повика тајм-аут, со цел неговите избраници да излезат од кризата и да се вратат во игра. Тунис беше расположен за игра и по пет минути  дојде до предност од 5:0. Првиот гол за Македонија го постигна десното крило Гоце Георгиевски за намалување на негативата на 5:1.

Тунижаните со брза транзиција успеваа да дојдат до погодок, лесно наоѓа простор во одбраната на Македонија и по осум минути игра имаа водство од 7:2. Македонија за десет минути игра имаше постигнато само три, а примено осум гола. Селекцијата на Тунис неколку минути беше во криза, не искористи да го зголеми водството со играч повеќе, па така ракометарите на Лазаров кон средината на првиот дел со серија од 3:0 намалија на минус два, 7:5.

На моменти на голот на Македонија блескаше Митревски, кој не дозволуваше лесни погодоци во својата мрежа. Водството на Тунис во 15 минута од натпреварот беше ,,плус четири” 10:6, додека пет минути подоцна, македонската репрезентација дојде до минус два гола разлика, 11:9.

Следуваше период, во кој Македонија полека фаќаше ритам и се враќаше во игра. Македонија ги користеше грешките на Тунис и во 25 минута дојде до еден гол негатива, 15:14, откако претходно африканската селекција имаше водство од 15:12. Тунис беше повеќе пофокусиран во финишот од првиот дел и на пауза замина со предност од 16:14.