Македонија со втор триумф над Романија

Машката кадетска репрезентација на Македонија, по вчерашниот триумф  славеше и на вториот пријателски натпревар против Романија 32-28.

Гостите отворија со предност од 3-1 и одржуваа минимална предност до средината на првиот дел. По 6-5 за гостите, момците на Раде Стојановиќ ја преземаа контролата и со серија од шест гола поведоа со 11-6.

Македонија имаше и највисоки плус шест, 13-7, но малиот пад на концентрација во финишот на првиот дел беше доволен за Романија да ја преполови негативата и на пауза да се замине со 15-12.

Упорните гости во текот на вториот дел успеаја и да израмнат на 19-19, а во продолжение иако нашите кадети одново водеа со три гола, сепакк на пет минути до крајот повторно беше нерешено 27-27.

Но оттогаш Македонија ја стегна одбраната и до крајот не прими ниту еден погодок за втора победа, 32-27.

Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Петковски и Димевски со по шест погодоци, додека по пет пати стрелаа Ристевски и Димитар Узунчев. Четири гола даде Калајџиески, два постигна Марио Стојановски, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Михајловиќ, Николоски, Димковскки и Тодор Узунчев.

Овие два натпревари беа дел од подготовките за Светското првенство што ќе се одржи во август во Хрватска.