Репрезентативците на Македонија пристигнаа во Виена и оние 18 играчи кои селекторот Данило Брестовац ги планира за настап на Европското првенство се веќе подготвени за игра на шампионатот и ја очекуваат својата шанса.
Сите ракометари кои го поминаа последниот филтер се во Виена така што ја очекуваат шансата утре да се најдат на терен против Украина и да стартуваат со Европското првенство.
Денеска ќе биде одржан и првиот тренинг и ова ќе биде можност за запознавање со условите за играње на Европското првенство.
Инаку, Македонија својот прв меч го има утревечер од 20:30 часот, а потоа в недела од 16 часот против Чешка и во вторник против домаќинот Австрија од 18:15 часот.