Македонија се бореше храбро, но местото во ТОП 8 остана само сон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Исланд (СП кадетки, главна рунда)

Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби од Исланд со 25-22 и не успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот. Иако во финишот имавме пенал и шут на празен гол, сепак не реализравме и шансата за комплетен камбек во мечот отиде во неврат. Избраничките на Љубомир Савевски на 7 и 8 август ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место. Прв ривал во тоа разигрување ќе ни биде селекцијата на Германија, која заврши на третата позиција во групата 3 од главната рунда. Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра в недела, на 7 август во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 14:00 часот.