Ракометната репрезентација на Македонија ја очекува баражот за Светското првенство во кој ќе играме двомеч против селекцијата на Романија.
Првиот натпревар од двомечот го играме на 17.03 во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“. Од денес од 12:00 часот веќе се пуштени во продажба билетите за овој натпревар. Влезнциите се продаваат по цена од 100 денари.
Натпреварот ќе биде организиран согласно важечките протоколи за организација на спортски настани и одлуките на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19.
При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи :
– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2 против заразната болест Covid-19 или :
– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравување.
Пордажба на влезниците се врши преку онлајн страницата на МК Тикетс ТУКА.
Реваншот е закажан за на 19 март во Букурешт, а победникот оди во вториот бараж на Чешка.