Македонија против Србија без „странци“ – само со ракометари од Суперлигата

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе игра две пријателски натпревари на 19 и 20 јуни против Србија во Ниш.

Селекторот Кире Лазаров објави поширок список од 35 ракометари, од кои ќе ги одбере оние што ќе настапат против северниот сосед.

Она што го најави неодамна селекторот, дека ќе биде формирана Б репрезентација и ќе бидат одиграни повеќе пријателски натпревари пред ЕП, веќе се спроведува на дело.

Интернационалците нема да бидат дел од оваа акција, па Лазаров ќе смета само на ракометари од македонската Суперлига. Дел од нив веќе дебитираа во сениорската репрезентација, а на дуелите со Србија веројатно ќе има уште дебитанти.