Со триумфот над Чиле со 32-29 машката репрезентација на Македонија обезбеди место во главната рунда на Мундијалот во Египет.
Во неа Македонија, Шведска и Египет, ќе вкрстат со трите најдобри од групата Х – а тоа се Русија, Белорусија и Словенија. Нашата селекција нема да пренесе бодови и ќе биде на последното место во групата.
Најслабите од овие две групи, Чиле и Јужна Кореја ќе играат во Президент Купот.
Распоред на играње ќе биде познат дополнително утревечер, но датумите се познати – 20, 22 и 24 јануари.