Македонија против Македонија на 13 декември

Ракометната федерација на Македонија во период од 10 до 13 декември ќе организира меѓународен ракометен турнир за ракометари родени 2002/2003 година и помлади.

На кадетскиот турнир ќе учествуваат репрезентациите на Македонија (A), Македонија (Б), Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Иако беше најавена и селекцијата на Чиле, сепак јужноамериканците нема да допатуваат во македонската престолнина.

Распоред и термини на натпревари:

10.12.2019
(18:00 часот) Македонија (Б) – Србија
(20:00 часот) Македонија (А) – Бугарија

11.12.2019
(10:00 часот) Босна и Херцеговија – Србија
(12:00 часот) Македонија (Б) – Бугарија
(18:00 часот) Босна и Херцеговина – Бугарија
(20:00 часот) Македонија (А) – Србија

12.12.2019
(10:00 часот) Бугарија – Србија
(12:00 часот) Босна и Херцеговина – Македонија (Б)
(18:00 часот) Македонија (А) – Босна и Херцеговина

13.12.2019
(10:00 часот) Македонија (А) – Македонија (Б)

Влезот за претстојните натпревари во спортската сала Автокоманда е слободен.