Машката младинска репрезентација на Македонија го заврши настапот на ЕХФ шампионатот на петтата позиција, откако славеше против Украина со 25-23 во интересен натпревар.
До 4-4 се играше гол за гол, пред Иваноски и Тотиќ да реализираат за 6-4 за Македонија. По дваесетина минути имавме водство од 9-6, но како и на сите натпревари, така и сега имавме „црна дупка“ во нападот.
Украинците ја стегнаа одбраната, ги реалзираа своите шанси и направија комплетен пресврт, 9-11. Но избраниците на Бранко Ангеловски не се откажаа, заиграа посериозно и не примивме гол пет минути.
Петковски реализираше за 10-11, потоа на два пати погоди и Михајловиќ за нов пресврт, но сега во македонска корист. 13-11 беше на пауза, иако имавме напад и за плус три, кој не беше реализиран.
На стартот на вториот дел, Украина со серија голови поведе со 15-13, но набрзина нашите ракометари израмнија на 15-15. Потоа се играше гол за гол до 19-19 во 45. минута, пред повторно Македонија да ја преземе контролата на теренот.
Со голот на Димитар Узунчев, Македонија поведе со 23-19 на десетина минути до крајот, но Украинците не се откажуваа и намалија на 23-21. Беше 25-23 на минута и пол до крајот кога се повреди Шулески, но Тодески погоди за 26-23 и крај на дилемите.
Александар Петковски даде седум гола, Славчо Шулески беше стрелец на пет, додека четири пати стрелаше Теодор Тодески, а три пати Дејан Михајловиќ. Голманите Давид Брестовац и Иван Галевски искомбинираа десет одбрани.