Македонија поразена и од Унгарија на ЕП

Женската репрезентација на Македонија загуби по шести пат на Европското првенство во ракомет на плажа.

Во португалскиот град Назаре, подобар од Македонија беше селекцијата на Унгарија со 2-0 во сетови.

Првиот сет им припадна на Унгарките со убедливи 26-8, додека избраничките на Златко Мојсоски беа поконкурентни, па загубија со 14-10.

Најдобри поединки во македонскиот состав беа Ива Божиновска и Бојана Диневска со по шест поени, а четири имаше Теодора Гулицоска.

За Македонија остануваат уште две средби утре и задутре во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место на ЕП.