Македонците го фрлија сидрото во Ријека и ги раширија едрата кон светскиот крем (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МУНДИЈАЛ У19: МАКЕДОНИЈА vs ЦРНА ГОРА

Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше против Црна Гора со 29-20 и на убедлив начин стигна до првата победа на Мундијалот во Хрватска. Селекторот Раде Стојановиќ, стручниот штаб и избраниците имаат уште една задача - меч против Грузија, на кој мора да се слави за да биде остварен пласманот во главната рунда. Натпреварот е на програмата денеска во „Замет“ во Ријека со почеток во 17:30 часот.