Македонија повторно ќе игра против репрезентација во која селекторот има двојна улога

Селекторот на Португалија која е противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, Пауоло Переира стана и тренер во Кувајт.

Переира потпиша договор со тимот на Кувајт Спорт Клуб до крајот на сезоната и ова ќе биде негова прва паралелна работа со водење на репрезентација и клуб. На селекторската позиција во Португалија Переира беше од 2019 година и има активен договор до јуни 2023. Португалија ја водеше на 72 натпревари, а зад себе има успешни настапи на СП, ЕП и Олимписки игри.

Ќе потсетиме Македонија во групата за квалификациите за ЕП 2024 покрај Португалија ќе игра со Луксмебург и Турција и ова се противници со кои реално можеме да се надеваме на нов настап на еден голем турнир, сепак квалитетот треба да го потврдиме и на теренот.

Засега нема најави од Португалија дека поради ангажманот на Периера би можело да дојде до смена на селекторската функција. Ќе потсетиме, паралелна улога на селектор и тренер во клуб имаа и предводниците на Романија (Чави Пасквал) и Чешка (Хавиер Сабате) кои ги елиминиравме во баражот.