Репрезентацијата на Македонија денеска патува за Каиро каде утре и задутре ќе одигра два натпревари против селекцијата на Египет во рамки на ЕХФ неделата.
На пат кон Каиро сигурно ќе го нема капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов. Тој беше на подготовките, но ќе остане во Скопје на барање на екипата на Вардар.
Според она што е познато уште тројца други ракометари нема да патуваат, а нивните имиња ќе бидат познати во следните два часа. До последен момент останува неизвесноста кои играчи ќе останат во Скопје, а се споменуваат имињата на Петар Атанасијевиќ, Градимир Чаневски, Томислав Јагуриновски и Марко Митев. Еден од бековите би требало да се најде меѓу патниците, но останува да се почека на официјална информација.
Инаку, ова ќе бидат контроли на кои селекторот Лазаров ќе има можност на дело да ги види ракометарите на кои смета за Европското првенство во јануари.