Машката кадетска репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за настап на ЕХФ шампионатот во главниот град на Летонија, Рига.
Во последната фаза на подготовки планирани се и две пријателски натпревари со кадетите на јужниот сосед на 28 и 29 јули во Маврово. Како и Македонија, така и јужниот сосед се подготвува за настап на ЕХФ шампионат, но во Израел.
Дел од избраниците на Раде Стојановиќ беа активни на младинскиот ЕХФ шампионат во источниот сосед, дел тренираа во Скопје под водство на Наум Танески, а сега ќе биде одработена последната фаза од подготовките.
Македонија ќе игра во Летонија во група со домаќинот, Турција и Косово од 8 до 14 август и ќе има вкупно пет меча да стигне до пласман на ЕП и СП.