По Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, Даниело Божиновски и Виктор Начевски, Македонија е на добар пат да ја добие и третата судиска двојка со ИХФ значка.
Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе бидат дел од претстојното Светско првенство за кадети што ќе се игра во Хрватска и ќе полагаат за ИХФ значка заедно со уште неколку двојки од Европа и светот. Двајцата добија номинација од страна на ИХФ, а нашата федерација ги потврди како кандидати за полагање.
Доколку задоволат на натпреварите во Хрватска ќе добијат нова значка и ќе може потоа да судат и на СП, па и на Олимписки Игри.
Тие долго имаат ЕХФ значка и судат во сите европски купови, а годинава добија многу делегирања и во Лигата на шампионите во женска конкуренција. Во саботата двајцата ја делеа правдата на финалето на Купот на Македонија меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што се играше во Охрид.