Женската сениорска репрезентација на Македонија на првиот пријателски дуел против Турција беше минимално поразена со 25:24.
Избраничките на Љубомир Савевски на полувреме имаа негатива од два, 13:11, додека домаќинот во финишот од натпреварот имаше повеќе среќа.
Ракометарките на Македонија вториот контролен дуел против Турција ќе го одиграат на 4 март.
Македонија во Анкара допатува без неколку клучни ракометарки, кои поради повреди и клупски обврски не беа во можност да му се приклучат на националниот тим.
Контролните дуели против Турција ќе бидат искористени за проверка на формата пред бараж дуелот против Украина за пласман на Светското првенство 2023.
Двомечот со Украина ќе се игра во Скопје на 8 април од 19:00 часот и во унгарскиот град Кишварда на 11 април од 17:00 часот.