Машката репрезентација на Македонија има негатива од седум гола на полувремето од првиот натпревар на СП против Норвешка, 18-11.
Норвешка поведе со 2-0 со головите на Сагосен, а ние не реализиравме два напади по ред, пред Кузмановски по пет минути игра да намали на 2-1. Одигравме добра одбрана во следниот напад, но Оверби најде дупка во одбраната и зголеми на 4-2.
Одново Кузмановски беше прецизен, а следниот шут на Пешевски го одбрани Бергеруд. Обранивме уште еден норвешки напад, но ниту ние не реалзириавме, а тоа беше казнето и Норвешка за првпат отиде на плус три, 6-3.
По првата одбрана на Митревски, Јагуриновски постигна гол за 6-4. Беше и 8-5 по неколку брзи голови на двете страни, a по новата одбрана на нашиот голман, Македонија фати приклучок и намали на 8-7.
Комплетно се вративме во игра со прекрасниот погодок на Кузмановски за 9-9 по дваесетина минути игра. Но тоа што тешко го стигнавме, лесно го пропуштивме. Неколку наивни грешки беа доволни за Норвежаните за две минути да ни дадат четири гола и веќе беше 13-9.
Македонија – Норвешка СП 2023
Лошата серија ја прекина Манасков, потоа постигна уште еден гол по одбранетио зицер на Митревски и беше 13-11. Норвешка зголеми на 14-11, а при еден напад на ривалот се повреди Јагуриновски.
Бергеруд одбрани еден удар на Македонија, не погодија ниту Талески и Манасков, па Норвешка со серија од три гола, замина на плус седум, 18-11, резултат со кој се отиде на пауза.