Машката кадетска репрезентација на Македонија загуби на вториот пријателски натпревар од Црна Гора со 30-29.
По вчерашниот триумф со 32-30, денеска избраниците на Раде Стојановиќ беа за гол покуси од противникот.
Најдобар стрелец во македонската репрезентација беше Димитар Узунчев со осум гола, а шанса за настап добија сите ракометари.
Овие два меча беа дел од подготовките на националниот тим за настап на Мундијалот во Хрватска следното лето.