Репрезентативките на Македонија го загубија првиот контролен натпревар против репрезентацијата на Србија со 25:33 во Стара Пазова откако уште во првото полуврме имаше заостанување од десет погодоци. Резултатот од 10:20 беше превисок за да може во продолжение да се надомести и Македонија да се врати во натпреварот.
Како што одминуваше времето така противникот одеше сигурно кон победа на овој дуел. Имаше висока предност, па иако Македонија успеа да намали не можеше да стори нешто повеќе.
На оваа средба селекторот Савевски немаше комплетен состав бидејќи дел од ракометарките не се во тимот. Има уште што се повредени и заздравуваат, па ова беше можност за помладите да ги покажат своите квалитети.
Ова беше прва контрола на која можеше да се провери формата на девојките, а веќе в поеделник ќе има нова можност. Средбата како што веќе информиравме се игра во 12 часот.
СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА 33:25 (20:10)
СРБИЈА: М. Агбаба, Ј. Агбаба 3, Бојичиќ, Вукајловиќ, Ковачевиќ 6, Митровиќ, Јововиќ 3, Богуновиќ, Обрадовиќ 1, Граовац, Ѓурашиновиќ, Стамениќ 2, Стоиљковиќ 2, Јововиќ, Ловриќ, Петровиќ 1, Јањушевиќ 5, Рисовиќ, Коциќ 2, Којиќ 4, Радојевиќ
МАКЕДОНИЈА: Серафимова, Мицевска, Јовановска, Миновска, Ристовска 3, Дукоска, Ризоска 1, Дабевска 1, Јанкуловска, Коцева, Стојковска 4, Младеновска, Јанеска 9, Гичевска 3, Кипријановска 2, Коловска, Џатевска 2, Коцева, Седлоска