„Македонија е мојот втор дом“

Руската репрезентативка, Ирина (Полторацкаја) Дибирова на Европското првенство во Македонија во 2008 година го има последниот настап на едно големо натпреварување. Пет години подоцна, во 2013 се враќа во Скопје, заедно со Тимур и нивниот син, за неговиот ангажман во Вардар. Подоцна во Македонија ќе се породи и со своето второ дете.

„Со Тимур сме заедно веќе 17 години, од 2003 од Лада. Тоа е чудна игра на судбината… се вратив во Македонија како сопруга на Тимур и сега Македонија е мој втор дом. Исто ми е кога ќе кажам дома во Македонија или дома во Русија. Ќерка ми е родена тука, Тимур има македонски пасош, јас не, се уште чекам (се смее). Преку Тимур и Вардар имам шанса да уживам во ракометот само како обичен гледач. Без коментари, анализи и критики после натпревар, затоа што во спротивно ќе биде многу тежок фамилијарниот живот (се смее). Имам други обврски, немам време за тоа, а и кога одлучив да ставам крај на кариерата тоа беше тоа, никогаш повеќе не сонувам да играм ракомет.“

Разговорот со Дибирова може да го прочитате во продолжение.

ИНТЕРВЈУ ИРИНА ДИБИРОВА: За ЖРК Вардар да освои титула требаше време, континуитет и среќа, а тоа го немаше