Македонија достојна, но среќата не секогаш ги прати храбрите! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија е поразена во првиот дуел на Европското првенство 2022, Словенија беше поуспешна, посреќна и поконстантна во играта па на крајот се радуваше на првите освоени бодови. Резултатот 27-25 остава горчина во македонскиот состав и место за „Што ако...“.Но нема време за анализирање на поразот, чекаат Црна Гора и Данска. а преку нив води и патот до Будимпешта...