Списокот на тренери кои имаат мастер лиценца за работа од Македонија се зголемува, па неделава дури тројца тренери успеаја да стигнат до ваква диплома. На новиот список покрај Оливер Димитриоски кој прв положи се најдоа и Александар Бојковски, кој во моментов е помошник на Симе Симовски во женската екипа на Куманово, како и Рубин Кузманоски од Прилеп.
Тројцата полагаа во Србија во последните неколку дена така што сега се на списокот со мастер лиценца и можат да водат екипи и репрезентации на највисоко ниво.
Трендот за добивање на мастер лиценци продолжува, а веќе во јануари се очекува на овој список да се најде и тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ кој треба да полага во Романија.