Женската репрезентација во ракомет на плажа загуби во првиот меч од разигрувањето за пласман на ЕП во Португалија.
Македонија беше поразена од Италија со 2-1 во сетови. Првиот сет беше во корист на ривалот со 28-12.
Вториот сет нашите репрезентативки беа подобри и го добија со 15-12, додека во шут-аутот Италија беше подобра со 6-4.
Диневска беше најдобра со девет поени во македонскиот состав, додека по шест имаа Божиновска и Гулицоска.
За Македонија во борбата од 12 до 16 место ќе се бори со Романија и Унгарија во текот на утрешниот ден.