Македонија вторпат против Белорусија, четворица играа и првиот пат

За репрезентациите на Македонија денеска завршува Светското првенство во Египет, а истото важи и за Белорусија, која е последниот противник на овој шампионат.

Ова е втора средба меѓу Македонија и Белорусија на големите натпреварувања, а првиот пат Белорусите дојдоа до минимален триумф од 30:29.

Од составот кој тогаш играше за Македонија, а беше предводен од Ивица Обрван сега на терен ќе бидат само четворица ракометари. Од овој тим на македонија тогаш играа Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски.

И во составот на Белорусија има само четворица ракометари кои играа и тогаш. И овој пат во конкуренција за составот се: Алексеј Кишу, Владислав Кулеш, Андреј Јуринок и Арцем Каралек.

На тој натпревар одигран на 27 јануари во 2016 година Лазаров постигна десет гола, Стоилов и Пешевски имаа по два, а Кузмановски немаше погодок.