По одиграните 15 натпревари од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка, познати се сите 24 учесници на континенталниот собир во јануари следната година.
Покрај двата домаќини – Унгарија и Словачка, како и шампионот и вицепрвакот од претходното ЕП – Шпанија и Хрватска, од квалификациите место обезбедија уште 20 репрезентации, а меѓу нив е Македонија, која според прелиминарниот распоред на шеширите ќе се најде во третиот.
ЕХФ го прави овој ранкинг пред ждрепката како комбинација на резултатите од квалификациите и од претходното Европско првенство во 2020 година.
Шешири пред ждрепката за ЕП:
шешир 1: Шпанија, Хрватска, Словенија, Германија, Португалија, Норвешка
шешир 2: Унгарија, Србија, Русија, Шведска, Данска, Австрија
шешир 3: Словачка, Македонија, Франција, Чешка, Исланд, Белорусија
шешир 4: Црна Гора, БиХ, Полска, Холандија, Украина, Литванија
Според правилата, изгледот на шеширите би требало да биде ваков каков што е погоре, сепак кога се работи за ЕХФ, би требало да почекаме официјализиција.
Организаторите веќе ги распределија дел од репрезентациите што веќе имаат пласман во кој град ќе играат. Хрватска ќе игра во Сегед, домаќинот Унгарија во Будимпешта, додека вториот домаќин Словачка ќе игра во Кошице. Чешка ќе игра во Братислава, Германија исто така во словачката престолнина, а Словенија ќе игра во групата во Дебрецен.
Ждрепката за групите на ЕП ќе се одржи на 6 мај од 17:00 часот во Будимпешта.