Репрезентацијата на Русија е следниот противник на Македонија на Светското првенство во Египет, а против оваа селекција веќе се одиграни четири натпревари на големите шампионати.
Досега и Македонија и Русија имаат по една победа, а две средби заврпија нерешено. Ритамот по кој досега се играа натпреварите носеше еден дуел со нерешен резултат, па дуел на кој некој победува.
Според ова денеска можеда се очекува нерешен епилог иако за да се случи ова ќе мора да се одигра максимално ангажирано и мотивирано во текот на сите 60 минути.
Сепак, има и еден интересен момент поврзан со датумот, а тој вели дека Македонија ја има совладано Русија на 22 јануари и тоа во 2009 година на Мундијалот во Хрватска.
МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ НА ГОЛЕМИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
31 МАЈ 1998
МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА 26:26
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
22 ЈАНУАРИ 2009
МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА 36:30
16 ЈАНУАРИ 2013
МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА 29:29
19 ЈАНУАРИ 2019
МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА 28:30